07 set - Cento
FUAD KOM
ФУАД КОМ ДООЕЛ има потреба од одговорно, организирано и прецизно лице за позицијата Финансиски администратор.
Главни работни задачи и одговорности
Издавање фактури, испратници и останата комерцијална документација;
Внесување и евидентирање на влезни фактури во систем;
Подготовка и реализација на плаќања кон домашни и странски добавувачи;
Подготовка и реализација на исплата на плати;
Проверка и следење на салда со купувачи и добавувачи;
Следење на доспеани побарувања и обврски;
Проверка и евиденција на извршени уплати;
Работа со електронско банкарство;
Подготовка и организирање на финансиска и административна документација;
Комуникација и усогласување на документација со сметководство;
Комуникација со купувачи и добавувачи во врска со фактури, плаќања и салда;
Прием и обработка на документација во канцеларијата;
Извршување на други тековни финансиски и административни задачи поврзани со работењето на компанијата.
Потребни квалификации
Завршено средно или високо образование од областа на економија, финансии, сметководство или сродна област;
Претходно работно искуство во финансии, сметководство или администрација ќе се смета за предност;
Способност за работа со деловен/сметководствен софтвер;
Познавање на електронско банкарство и платежни операции ќе се смета за предност;
Познавање на англиски јазик;
Одлична организираност, прецизност и внимание на детали;
Одговорност и доверливост при работа со финансиски информации и документација;
Способност за самостојна работа и почитување на рокови.
Нудиме
Редовно и стабилно вработување;
Работа во стабилна и растечка компанија;
Можност за професионален развој и преземање поголема одговорност;
Динамична работна средина и директна вклученост во финансиското и административното работење на компанијата.
Локација: Ченто. Скопје
Контакт: (email hidden) или 070 217 204
07 set - Prato
mYngle
07 set - Romano di Lombardia
Gi Group SpA Filiale di Vimercate
07 set - Cuneo
Alleanza Assicurazioni S. P. A.
07 set - Roma
Manpower